дома Актуелно Латас: За коалиција со СДСМ се само тројца градоначалници од ДУИ кои...

Латас: За коалиција со СДСМ се само тројца градоначалници од ДУИ кои овие избори ги загубија

Невозможно е 4 пратеници од ДУИ да гласаат за СДСМ. Имаме една критична маса од 3 пратеници. Два пратеника се жени од Тетово, или од тетовско е втората, кои се блиски до Теута Арифи, која пак има резервна членска книшка од СДСМ, таа е лична пријателка со Радмила Шекеринска, и еден професор кој како што знам е на струшкиот универзитет, изјави новинарот Драган Павловиќ- Латас во дебатната емисија „Од наш агол“ на МРТ.

Тие имаат различни мислења во моментот. Доколку тие гласаат против одлуката на партијата, во ДУИ ќе има пукање, говорам од искуство, не од претпоставка. Тие тројца пратеници ќе бидат под сериозна закана, со се’ својот имот и фамилии, а од друга страна на тој начин ДУИ се расцепува како партија. Значи, ќе не може Али Ахмети да каже дека ја контролира партијата и ќе треба да си даде оставка. Ако се загрози шефовското место на Али Ахмети, ДУИ може да биде сешто. Јас не верувам во тоа дека три пратеника би “претрчале“, зошто не “претрчале“ до сега, зошто чекале?, рече Латас

Според него, косовски медиуми, албански медиуми во Албанија и албански медиуми во Македонија на албански јазик велат дека за коалиција со СДСМ се само тројца градоначалници кои овие избори ги загубија.

-ДУИ најмногу на територијата на Општина Чаир, Тетово и Гостивар загуби гласови, сега тие треба да понесат одговорност. Второ, тие се многу коруптивни. Значи не е само Шекеринска, и Теута Арифи имала 5 станови. Имаме корупција од 2 милиони евра која што ја најави косовскиот весник „Експрес“ и интернет портал од Гостивар, каде градоначалникот е прозван. Чаир е корумпиран по “дифолт“, тоа не треба да се докажува, тоа е гола вистина. И сега вие имате едно компромитирано и корумпирано крило од ДУИ кое од триве градоначалника Чаир, Гостивар и Тетово, кое има свои два – тројца пратеници и кое има пари да влијае на настаните и кое е поддржано од медиумите на Сорос на македонски и на албански јазик и тие прават филмови: “бадијала вие преговарате со ВМРО, ние имаме тројца пратеници кои нема да гласаат за вас“. Мислам дека тоа многу тешко може да се деси, рече Латас.