дома Uncategorized ЛДП не гласаше за влез на ДПА и Амди Бајрам во Владата

ЛДП не гласаше за влез на ДПА и Амди Бајрам во Владата

Пратениците на ЛДП кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ не гласаа за Бардуљ Даути да биде министер без ресор за привлекување странски инвестиции.

Од ЛДП велат став на партијата е дека се против Влегувањето на Мендух Тачи и Амди Бајрам во Владата.

„ДПА и Амди Бајрам се вирус кој го внесуваме во здравиот владин организам и затоа не гласавме за влез на ДПА во Владата“, велат од ЛДП