дома Балкан ЛЕГИЈА СО ИЗНЕНАДУВАЧКИ ТВРДЕЊА:Гардата на Аркан се уште постои и делува

ЛЕГИЈА СО ИЗНЕНАДУВАЧКИ ТВРДЕЊА:Гардата на Аркан се уште постои и делува

Српската доброволна гарда на Жељко Ражнатовиќ Аркан, која во 90 – те учествуваше во броби во вооружени судири во БиХ и Хрватска постои и ден – денес, тврди Милорад Улемек Легија, но не открива со што се занимава таа формација денес. Исто така тврди и дека Аркан куќата на Дедиње ја добил на покер.

Тој во својата нова книга „Во гнездото на тигарот” открива дека навистина се смешни информациите дека „тигрите” од гардата на Аркан, во војна оделе само за да ограбуваат фрижидери, шпорети и видео рекордери.

– Не е точно дека гардата ја основале криминалци. Гардата ја основаа српски патриоти кои не се жалеле себе да застанат во одбрана на српскиот народ. И ден-денес кон Гардата има неправда така што таа се нарекува паравоена формација. Тоа не е точно. Од своето појавување на вуковарските воени места, Гардата е ставена под контрола на тогашната ЈНА, а подоцна под команда на Српската воена Краина, наведува Легија.