дома Македонија ЛЕКАРИТЕ СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА: Само годинава од детска клиника си заминале...

ЛЕКАРИТЕ СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА: Само годинава од детска клиника си заминале тројца лекари!

Само годинава од детска клиника си заминале тројца лекари. Проблемот е што нема специјалисти, а нема ни кој да ги учи младите за да станат педијатри. Недостатокот на кадар го затвори и Ургентниот центар на детска клиника кој беше единствен од ваков вид во државата. Од клиниката велат дека ќе го пуштат во функција, но кога ќе има кадар.

Министерот Филипче, уверува, и без Ургентен, детска клиника функционира.

Освен педијатри, се намалува бројот и на анестезиолози и гинеколози. Во одредени специјалности има по три до четири пати помалку кадар отколку што реално е потребен.

Во неколку наврати министерот Филипче, вината за недостаток на кадар ја префрла на поранешните лоши здравствени политики.

Претходно, Филипче му беше советник на екс-министерот за здравство Никола Тодоров.