дома Македонија ЛИДЕРСКАТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ УТРЕ ВО ВЛАДА: Заев и Мицкоски ќе се...

ЛИДЕРСКАТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ УТРЕ ВО ВЛАДА: Заев и Мицкоски ќе се договараат за предвремени парламентарни и за СЈО

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска информираше дека утре во 20 часот во Владата ќе оствари средба со претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба.

Ќе почекам утре да видам кои се барањата, ќе ги соопштам и нашите предлози и сите заедно како одговорности на сите политичари и политички партии ќе разговараме. За деталите е преурането и не би ги коментирал, изјави Заев.

На новинарско прашање зошто на средбата не учествуваат и лидерите на главните албански партии, Заев потенцира дека за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.

Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште. Следува ратификацијата, да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев, додавајќи дека ќе разговара како премиер и претседател на најголемата политичка партија со шефот на опозицијата на тие теми, заради тоа што верува во заедничката одговорност пред историските одлуки што нашата земја треба да ги донесе.