дома Занимливости Лила слави роденден – Eве кој прв ја изненади со убав подарок

Лила слави роденден – Eве кој прв ја изненади со убав подарок

Иако практично денот само што започна, прекрасната водителка Лила Филиповска, уште во 12 часот на полноќ почна да ги добива своите роденденски честитки и убави желби.

Дама никогаш не се прашува колку години има па затоа не ја запрашавме ни ние, но затоа се гледа дека таа навистина го сака својот роденден и ужива во секој момент од него.

Најпрво роденденска честитка доби од својот пријател Бојан, кој и посака да ужива во секој момент од животот, секој нареден ден да и донесе нешто ново и возбудливо и овој роденден да се претвори во нешто неверојатно за неа. Потоа голем број на честитки се редеа и од сите нејзини најблиски пријатели како Сергеј Варошлија, Боки 13, Елена Лука, водителот Ване Маркоски и многу други.

Она што е најинтересно е дека нашата омилена водителка утринва веќе го доби својот прв роденденски подарок кој е сон за секоја жена, а го доби од својот најдобар пријател Бојан Јовановски.

Се работи за прекрасни обувки- штикли од брендот „Saint Lauren“ кои изгледаат навистина гламурозно, практично каква што е и самата Лила, а моментот го сними со својот телефон и го постави на социјалните мрежи.