дома Свет Лицe oд цpнa лиcтa дoлeтaлo oд Aвгaниcтaн вo Бpитaниja

Лицe oд цpнa лиcтa дoлeтaлo oд Aвгaниcтaн вo Бpитaниja

Лице од црната листа на кое му е забранет влез во Обединетото Кралство долетало со воен авион од Авганистан како дел од евакуацијата од аеродромот во Кабул, објави „Скај њуз“.

Неидентификувано лице летало во Бирмингем, но нема детали што потоа му се случило.

-Во Авганистан имаше луѓе кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност – изјави владиниот портпарол и додаде дека владата спроведува детални проверки за да ги спречи оние што се осомничени дека се милитанти или претставуваат безбедносна закана да влезат во Британија.