дома Македонија ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ОХРИД И НОВО СЕЛО: ДИК информираше за излезноста до...

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО ОХРИД И НОВО СЕЛО: ДИК информираше за излезноста до 10 часот

Освен претседателските избори, денес во Охрид и Ново Село се одржуваат и локални избори.

Како што информираат од ДИК, излезноста до 10 часот во овие општини е:

Во Охрид гласале 5,59% од граѓаните со право на глас.

Излезноста за првите три часа од гласањето, во Ново Село изнесува 10,05%.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, а во Ново Село 11.365 граѓани.

Во двете општини избирачот, покрај ливчето за претседател, добива и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори. За гласањето на локалните избори, избирачот се потпишува во изводот од избирачки список наменет за локалните избори.

Во општината Охрид изборите за градоначалник се распишани поради ненадejната cмpт на градоначалникот Јован Стојаноски, а во Ново Село се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе ocтавка откако беше ocуден на затвopска kaзна за обид за швepц на цигари.