Локхиид Мартин најави наследник на легендарниот СР-71

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како гром од ведро небо, Локхиид Мартин ги покажа плановите за наследник на легендарниот СР-71, суперсоничниот авион за набљудување кој постигнуваше брзина од Мах 3.

59-годишното летало, оригинално развиено како убер-пресретнувач, сеуште го држи рекордот за најдолго одржуван суперсоничен лет при брзина од 3,379 километри на час-многу побрзо и од .50-калибарски куршум.

Новиот авион, наречен СР-72, ке лета два пати побрзо, толку брзо што самиот воздух што ке влага во моќните мотори ке се движи колку СР-71. Да се држи внатрешно согорување при таа брзина во такви услови е слично на палење цигара среде ураган.Планираната способност на СР-72 да оди од нула до Мах 6 и назад до нула е трик кој што никој сеуште неможе да го повтори.

Сканкворкс,(дивизијата во Локхиид која го разви СР-71) изјавуваат дека пронашле начин за да ги движат турбо-џет турбините при високи температури и нивоа на моќност, доволно високо за да го изведат СР-72 до Мах 2.5.

Секундарните рам-џет/скрам-џет турбини, бараат брзина над Мах 3 или 3.5 за да оперираат, создавајки дупка помеѓу Мах 2.5 до Мах 3 за која Сканкворкс изјавуваат дека ја решиле, но не сакаат да коментираат како.

При хиперсоничен лет, нема соничен бум, но возухот што струи по авионот достигнува температури како во индустриска печка.

СР-71 се загреваше толку многу што панелите на телото од авионот беа дизајнирани да се лабави на земја, и при суперсоничен лет да се прошират една до друга.

Потенцијалниот хиперсоничен лет при брзина од Мах 5 и нагоре го придвижува истражувањето напред веќе 70 години, во добри или лоши времиња.

Дури и пред било која машина на човекот да достигне суперсонични брзини, хиперсоничниот домен ги фацинирал и најбрилијантите умови.

Сите успешни хиперсонични летала до денес биле катапултирани со помош на ракети.Најновите хиперсонични истражуваша на САД се фокусира на развивање на долгометражни проектили од типот на воздух,земја и вода со што носивоста на експлозивниот товар до посакуваната брзина се постигнува со ракетен погон.

Всушност, Фалкон 1 на Спејс Екс е делумно финансиран за да се создаде тип на ракета што може да поддржи поголеми товари при хиперсонична брзина.

И тоа е тоа што го прави СР-72 неверојатен.Ако Локхиид Мартин и нивните партнери успеат, летањето нема никогаш да биде исто.
Возило што може да полета и да слета на нормална писта, да лета побрзо од куршум- и тоа да го изведува економично – таа технологија за многу брзо време би се проширила низ целата авио-индустрија.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This