дома КОВИД-19 (Коронавирус) Лондонските пpeмиepлигaши oд cpeдa пoвтopнo ќe игpaaт бeз пyбликa

Лондонските пpeмиepлигaши oд cpeдa пoвтopнo ќe игpaaт бeз пyбликa

Спортските манифестации во Лондон од среда повторно ќе се одржуваат без присуство на навивачи, откако надлежните власти воведоа трет, највисок, степен на ограничување во британската престолнина, како последица на растот на бројот заразени со коронавирус.

Одлуката доаѓа само две недели откако на 2 декември беше дозволено ограничено присуство на навивачи во Премиерлигата, за првпат од март годинава.

Британскиот сервис Би-Би-Си вечерва јави дека натпреварите, што Вест Хем, Кристал Палас, Арсенал и Фулам треба да ги играат в среда, ќе бидат без навивачи на трибините.

– Со разочарување потврдуваме дека не сме во можност да пречекаме навивачи на нашиот стадион за натпреварот во Премиерлигата против Саутемптон, објави вечерва Арсенал на својот Твитер профил.

Ливерпул, Евертон, Саутемптон и Брајтон, засега, остануваат единствените премиерлигаши, кои и натаму ќе можат да ги играат своите домашни натпревари во присуство на навивачи, во ограничен број до максимум 2.000.