дома Балкан Лончар: Тpojцa пpeдвoдници нa aнтивaкcepcкoтo лoби вo Србија ympea oд кopoнa

Лончар: Тpojцa пpeдвoдници нa aнтивaкcepcкoтo лoби вo Србија ympea oд кopoнa

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека пред две недели тројца предводници на антиваксерското лоби во Србија починале од последици од коронавирусот.

Како ви делува кога некој ќе ви рече дека вакцинитe не се добри и дека коронавирусот не постои, а потоа ќе се разболи и ќе почине невакциниран од болеста која не постои. Накратко, тоа е мојот одговор, рекол Лончар на прес-конференција во Клиниката за присхијатриски болести во Белград.

Министерот нагласил дека епидемијата ќе трае со години без единствена борба и ако им се дава простор во медиумите на луѓе кои шираат дезинформации.