дома Актуелно ЛУДО И НЕЗАБОРАВНО ВО ГРЦИЈА: Заев замина во Канистрас, Грција да ја...

ЛУДО И НЕЗАБОРАВНО ВО ГРЦИЈА: Заев замина во Канистрас, Грција да ја прослави најлудата ноќ во годината!

Лидерот на опозициската СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, најлудата нoќ ја помина во Грција и уште не е вратен од таму.

На македонско грчкиот граничен премин можеше да се забележи и Зоран Заев со неговото Ауди 8, упатувајќи се кон еден од центрите во Грција кои спремаат луд и незаборавен пречек за Новата Година – информиравме во текот на вчерашниот ден.

Познато е дека семејството Заеви поседуваат куќа во еден од грчките полуострови, поточно на Канистрас, но останавме покуси од информацијата за тоа дали Заев таму ќе ја помине новогодишната ноќ или во некој од хотелските туристички центри – пишува Вечер.

Поголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме рекоа дека празниците ќе ги поминат во домашна атмосфера во кругот на најблиските.