дома Политика Лукаревска: На 17 октомври направете разлика, изберете 12 за подобар живот во...

Лукаревска: На 17 октомври направете разлика, изберете 12 за подобар живот во демократија и слобода

Ние не ги оставаме граѓаните на цедило, зашто секој граѓанин ни е важен и нашите дела не се споменици, ниту фонтани, туку инвестираме во луѓето, бидејќи вие сте највредниот ресурс на оваа држава, изјави заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска на средби со граѓаните на Кавадарци.
– Враќаме стари долгови, инвестираме во сите општини, во партнерски однос со Владата и со граѓаните локалната власт ќе може да реализира капитални проекти, важни за граѓаните. Затоа на 17 октомври направете разлика, гласајте за 12, за Горан Тодоров за градоначалник и за советничката листа предводена од др. Диме Коцев, гласајте за луѓето што се блиску до вас, тие најдобро ќе ве разберат, истакна Лукаревска.

Таа потенцира дека изминативе години невработеноста е намалена на рекордно ниско ниво, се зголемени платите и пензиите.
– Не градиме ѕидови од стиропор за да се криеме зад нив, ниту пак ни е потребна Бела палата за да ги држиме сите на око, од високо. Не трпиме закани и уцени. Во нашата матрица се слободата, демократијата, отвореноста. Нема напредок со сеење страв и со изолација, надвор градиме партнерства и соработка, за да можеме да изградиме подобра иднина за сите, овде дома. Имаме храброст, сакаме да бидеме во друштво со најдобрите, само така се оди напред, додаде Лукаревска.

Таа потенцира дека власта ги поддржуваме младите да отворат сопствен бизнис, обезбеди досега најголема поддршка за земјоделците и изгради и реновираше 60 детски градинки, училишта, патна и комунална инфраструктура.
– Продолжуваме победнички, затоа што имаме план и го имаме Најдоброто за секоја општина, порача Лукаревска.