дома Македонија ЛУЃЕТО МРЗНАТ, НЕМА КОЈ ДА СЕ ПОГРИЖИ: Алармантна ситуација во затворот Идризово...

ЛУЃЕТО МРЗНАТ, НЕМА КОЈ ДА СЕ ПОГРИЖИ: Алармантна ситуација во затворот Идризово кој остана без греење!

Деновиве дел од затворот Идризово е без греење, објави порталот Досие.

Според информациите на dosie.com.mk греење има само во главната зграда и неколку делови на затворот додека во полуотвореното одделение нема воопшто греење. Затворениците се снаоѓаат со ќубиња и по некое дрво за огрев.

Дека состојбата е алармантна зборувата и ексклузивните фотографии од кои се гледа во кои услови живеат затворениците во полуотвореното одделение деновиве и без греење.

Најповикани за ваквата алармантна состојба се Јовица Стојановиќ, кој по десетина години се врати како прв човек на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, како и директорот на КПД Идризово, Ќерим Махмути.