дома Македонија Лeвица му пoднесe кpивична приjaва на диpeктoрот на ДЗС Беким Максути

Лeвица му пoднесe кpивична приjaва на диpeктoрот на ДЗС Беким Максути

Левица му поднесе кривична пријава на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што велат од партијата, изминатите денови јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот за справување со кризи, овој пат со пoжарот на Галичица.

-Штетите по природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената стихија. Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години, се вели во дописот од партијата.

-Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните непогоди. Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на заштитата и спасувањето од пожари. На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива, се вели во соопштението.