дома Балкан Лeгиja плaниpaл дa ja гpaнaтиpa вилaтa вo кoja бeшe Милoшeвиќ co ceмejcтвoтo

Лeгиja плaниpaл дa ja гpaнaтиpa вилaтa вo кoja бeшe Милoшeвиќ co ceмejcтвoтo

Милорад Улемек Легија имал намера да ја сруши резиденцијата во која последните денови на слобода ги мина Слободан Милошевиќ, дознава „Република.рс“.

Иако и самиот учествувал во операцијата на предавање на Милошевиќ на 31 март 2001 година тој сакал да ги активира хелкикоптерите „Ми-24“ и од воздух да ја нападне вилата „Мир“ на Дедиње.

Ова намера на Легија ја потврдил и тогашниот министер за полиција Душан Михајловиќ. Сепак Легија се премислил бидејќи околу вилата биле собрани многу поддржувачи на Милошевиќ како и новинарски екипи и би имало човечки жртви.