дома Македонија Лoкaлниoт пaт зa ceлo Ростуше ce acфaлтиpa: 3aтвopeн зa cooбpaќaј oд 09...

Лoкaлниoт пaт зa ceлo Ростуше ce acфaлтиpa: 3aтвopeн зa cooбpaќaј oд 09 дo 17:00 чacoт

Локалниот пат за село Ростуше денеска од 09:00 до 17:00 часот ќе биде затворен за сообраќај поради асфалтирање.

Како што информира Општина Маврово и Ростуше, патот од Ростушки Мост (Ростушко Анче) до Ростуше е оној од кракот што се издвојува од регионалниот пат Дебар – Маврово и поврзува повеќе села, меѓу кои и Ростуше, кое е седиште на општина Маврово и Ростуше.

Патот е долг повеќе од два километра, а со овој зафат се проирува на шест метри, наместо досегашните 3,5 до четири метри.

Овој проект, кој е еден од најзначајните во општината, е финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а вкупната вредност изнесува 18.594.783 денари.