дома Европа МАДРИД НЕ ПОПУШТА: Косово може да влезе во ЕУ само како регион...

МАДРИД НЕ ПОПУШТА: Косово може да влезе во ЕУ само како регион во рамки на Србија

Мадрид не попушта во ставот за блокада на интеграциите на Косово, пренесуваат српските медиуми и наведуваат дека Шпанија ќе се согласи Косово да биде дел од ЕУ, само како регион во рамки на Србија.

„Новости“ пишува дека Косово може да биде дел од Унијата само како посебна управа во рамки на Србија. Во таа смисла, Шпанците упатиле до врвот на ЕУ не само пишана забележшка, како што се зборуваше изминативе денови, туку и протестни документи, потврдиле за „Новости“ од шпанското министерство за надворешни работи, од каде порачале дека Мадрид нема да попушти.

„Ставот на Шпанија за непризнавање на едностраното прогласување за независност на Косово е заснован на принципот на територијален интегритет, почитување на меѓународното право и владеењето на правото“, изјавиле за белградскиот весник од службата за односи со јавност при Министерството за надворешни работи на Шпанија.

„Новости“ наведува дека ситуацијата со Каталонија дополнително го засилила односнот на Шпанија кон прашањето за Косово.