дома Свет Мадуро: Што ли се замислувате вие во Брисел?

Мадуро: Што ли се замислувате вие во Брисел?

Каракас никогаш повеќе нема да се согласи на компромиси или дијалог со Европската унија доколку не ја промени својата политика за санкции, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Претседателот потсети дека ЕУ воведе санкции против опозицијата која учествуваше на изборите, против судството и вооружените сили.

Тие се мешаат во внатрешните работи и тогаш што очекуваат? Дека ќе им се заблагодариме што не нападнаа? Не Баравме дијалог и преземени се важни чекори за обновување на дијалогот меѓу опозицијата и чавизмот. Но, на тој начин – не – или ќе ја смените позицијата, или никогаш повеќе нема да има договор со вас, нема никаков дијалог, господа од Европската унија, за да знаете дека Венецуела знае како да одговори на заканите, не без оглед од каде доаѓаат – заклучи Мадуро.

Претходно, ЕУ го прошири списокот со санкции за Венецуела и вклучува високи воени претставници, членови на Националниот изборен совет и членови на новиот парламент. Новите санкции беа воведени „заради нивната улога во акциите и решенијата што ја поткопуваат демократијата и владеењето на правото во земјата, како и за сериозни повреди на човековите права“.

Како одговор, Венецуела го прогласи шефот на дипломатската мисија на ЕУ во земјата за персона нон грата и и даде 72 часа да ја напушти земјата.