дома Македонија МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА МОЛИ УНГАРИЈА ДА ГО ВРАТИ ГРУЕВСКИ:Со 400 страници документација...

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА МОЛИ УНГАРИЈА ДА ГО ВРАТИ ГРУЕВСКИ:Со 400 страници документација Македонија ќе и објаснува на Унгарија зошто треба да и го врати екс премиерот Никола Груевски

Со 400 страници документација Македонското Министерство за правда ќе го враќа Груевски од Унгарија.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес конференција рече дека со обемна документација Македонија ќе и објаснува на Унгарија зошто треба да и го врати екс премиерот Никола Груевски во постапката за екстрадиција.
Во меѓувреме, како што информираат од Владата, внатрешната контрола на МВР испитува како Груевски заминал од Македонија и дали имал помош од некој од полициските службеници, додека СВР Скопје истражува како било организирано бегството.