дома Хроника МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ВО ГРЦИЈА: Пренесувал група на нелегални мигранти во својата приколка

МАКЕДОНЕЦ УАПСЕН ВО ГРЦИЈА: Пренесувал група на нелегални мигранти во својата приколка

Грчката полиција во регионот на Дојран, уапси 55-годишен македонски државјанин, бидејќи во приколката од неговиот камион биле пронајдени 11 нелегални мигранти, кои требало нелегално да ги изнесе од Грција.


Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од истрагата на полицијата произлегло дека мигрантите во Грција влегле преку нелегален премин на грчко – турската граница.

Каминот бил запленет, а уапсениот македонски државјанин ќе биде изнесен пред јавен обвинител во Кукуш, јави дописникот на МИА од Атина.