December 6, 2022, 6:14 pm

Македонец co гoлeмo cpцe: Ja нyдaм cвojaтa кyќa вo Скопје нa 6 месеци зa пoгoдeнитe oд зeмjoтpecoт вo Хрватска, ќе им гo плaтaм и пaтот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По серијата замјотреси што ја погодија Хрватска изминатите два дена денови, а особено по оној најсилниот од 6.2 вчера попладне многумина се организираа за да се понуди за помош на најпогодените кои ги загубија своите домови им нудат смештај, храна и сè што им треба да се снајдат по непогодата.

Хуманитарната организација „Луѓе за луѓе“ постави пунктови низ цела Хрватска каде се собира помош а колони на луѓе ов вчера можат да се видат до недоглед. Се собира храна, вода, греални, ќебиња, средства за хигиена.

Исто така на социјалните мрежи се објавуваат вакви понуди не само од Хрватска туку и од целиот регион, а како што пишуваат хрватските медиуми, во Фејсбук групата „Земјотрес на локација Петриња“ е објавен статус од Македонија, кој трогна многумина, пренесе „Слободна Далмација“.

„Ја нудам својата куќа во Скопје (Македонија) за 8 лица до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца), исто така подготвен сум и да го платам патот до Македонија. Кога бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна многу, не можам да го заборавам тоа до крајот на животт. Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака оние кои се заинтересирани. Нашите мисли се со вас, поздрав од Македонија“, напиша Денис Синед.

Ваквиот негов статус доби огромно воодушевување, по што следуваа многу повратни коментари:

„Тоа е срце македонско. Таму каде што сонцето вечно сјае, таму се нашите браќа од Македонија. Фала, фала“. „Брате крал си, ти симнувам капа. Голем поздрав од Умаг“. „Фала, плачам и не верувам. Има надеж за нас, има луѓе сè уште. Фала му на Бог, да те чува и благослови“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This