дома Македонија МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ: Пендаровски ќе ја води ,,С” напред

МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ: Пендаровски ќе ја води ,,С” напред

Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски на ДУИ И СДСМ вчера се сретна со граѓаните на главниот град, Скопје. Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, кадешто заедничкиот кандидат Пендаровски разговараше со граѓани, дуќанџии, еснафи и пазарџии.

– Како држава, како општество конечно тргнавме напред и затоа потребно е заедно, со здружени сили да го поддржиме напредокот, да го искористиме позитивниот момент и да продолжиме напред. Граѓаните заслужуваат претседател кој ќе биде претседател на сите, претседател кој ќе биде над партиите и ќе биде достоен претставник на државата. Подготвен сум да водам напред, да бидам претседател на сите граѓани, порача, меѓудругото Пендаровски на средбите.