дома Актуелно Македонија денеска ги слави двата Илиндена

Македонија денеска ги слави двата Илиндена

Македонија денеска го одбележува 2 Август, двоен празник кој има огромно значење за македонскиот народ и за балканската историја воопшто. Меѓу народот познат и како Илинден, денеска го чествуваме Илинденското востание во 1903 година и прогласувањето на првата република на Балканот и првото заседание на АСНОМ во 1944 година каде се поставени темелите на македонската држава.

Празникот кој го одбележуваме традиционално во Крушево и во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, Кумановско, годинава првпат ќе биде прославен со специјални протоколи, поради пандемијата од Ковид-19.