дома Свет МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ПО ПРИМЕРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ: Двете земји го признаа...

МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА ПО ПРИМЕРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ: Двете земји го признаа Гваидо за привремен претседател на Венецуела!

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на својот твитер објави дека властите во Скопје го признаа Хуан Гваидо, водачот на венецуелската опозиција и претседател на народното собрание, за привремен претседател на Венецуела.

„Република Македонија, како и нејзините европски партнери, го поддржува Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, избран во согласност со уставот.“, напиша тој на социјалните мрежи.

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи синоќа објави дека и Хрватска го признава водачот на венецуелската опозиција за привремен претседател на земјата.

Во соопштението објавено на официјалната страна на хрватското министерство „се осудува кршењето на човековите права и насилството во Венецуела и потребно е да се најде начин мирно да се одржат слободни и демократски избори.“

„Хрватска ги поддржува демократски избраните легитимни тела на Венецуела, Националното собрание и нејзиниот претседател,како и уставно избраниот привремен претседател. Затоа Хрватска се придружува кон одлуката на другите еврипски земји.“

Понатаму во соопштението се наведени и останатите европски земји кои го признаа Гваидо за привремен претседател, Шпанија, Португалија, Германија, Данска, Холандија, Обединетото Кралство, Франција, Австрија, Унгарија, Финска, Белгија, Луксембург, Чешка, Летонија, Литванија, Естонија, Полска и Шведска, известува Танјуг.