-Така, доаѓаме до парадоксот во кој државата одумира со нејзино јакнење, многу познат рецепт од времето на сталинизмот. Македонија престанува да биде (нормална) држава (ако тоа некогаш воопшто и била) и станува посебен случај, од типот на Авганистан, Либан, и некои слични „невозможни општества“. Македонската државна (при)сила расте, во функција на локалниот партикуларизам, на ниво на менаџирање со човечки ресурси, без никаква идеја за заеднички јавен интерес и планирање на развојот, пишува Ванковска.