дома Актуелно Македонија најверојатно ќе го испушти и овој „воз“ и нема да добие...

Македонија најверојатно ќе го испушти и овој „воз“ и нема да добие датум за почеток на преговори

По се изгледа дека Македонија ќе го пропушти и овој воз за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, откако шефот на европската дипломатија соопшти дека Албанија треба да се одвои пакетот со Македонија, во пристапниот процес и да добие датум за почеток на преговори.

Високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел вели дека сугестиите, поради бугарското вето за Македонија, пристапните преговори треба да се отворат само со Албанија и со тоа земјава да го пропушти и овој воз за почеток на прегооври, никогаш не било разгледувано како опција.

И Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека со соговорниците во Брисел се согласил дека не би требало да се раздвојува европскиот пат на Скопје и Тирана.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи сепак, изјави дека ако ЕУ сака напредок во процесот на проширување, би требало да се разгледа можност поради бугарското вето на почетокот на преговорите со Македонија, да ги отвори пристапните преговори само со Албанија.

Вархеи за унгарскиот весник „Маџар немзет“ вели дека целта на ЕУ останува иста, да ги отвори преговорите со Скопје и Тирана.

„Но ако повторно имаме тешкотии со Македонија, тоа значи ако не успееме да ја убедиме Бугарија и Македонија на заедничко решение, тогаш се поставува прашањето дали можеме да продолжиме само со Албанија, и тоа прашање мора да го разгледаме“, вели Вархеи.

Шефот на европската дипломатија Жозеф Борел на 10.мај изјави дека по состанокот со европските министри за надворешни работи, дека во тек на разговорот е постигната согласност дека Западен Балкан мора да ги забрза про-европските реформи.

„Потребно е да го забрзаме процесот на пристапување на Албанија и Македонија. Со тоа, никогаш не постоеше било каква намера да се раздвојат двете земји во пристапниот процес.“, вели Борел.

Западен Балкан на денес (11.мај) е и тема на дневниот ред на Советот за општи работи на ЕУ.

Македонискиот премиер Зоран Заев исто така е во Брисел од каде што вели дека раздвојувањето на пристапните процеси на Скопје и Тирана би било тешко изводливо за ЕУ.