дома Македонија Обвинителството замрзна сметки во Монако со 11 милиони евра од фирма за...

Обвинителството замрзна сметки во Монако со 11 милиони евра од фирма за дијализа

Фирмата за дијализа која е под истрага за начинот на кој ја добила концесија за центрите низ државата била продадена за 11 милиони евра, а парите биле префрлени во Монако, открило обвинителството .

Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено, а финансиски средства во значителен износ се префрлени на сметки во Монако.

Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра, соопшти вечерва

Обвинителството за организиран криминал… Во истрагата по барање на Монако, ќе биде вклучен и нивни обвинител.