дома КОВИД-19 (Коронавирус) МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ ЌЕ ДОБИЕ 66 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ ЌЕ ДОБИЕ 66 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Европската унија ќе ја помогне Македонија со 66 милиони евра за борбата против коронавирусот, твитна синоќа амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар.

„Заедно сме во борбата против овој злобен вирус. Во ова време на нужда, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со: 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор, 3 милиони евра директна поддршка за буџетот“, објави Жбогар.

Денеска Советот за општи работи даде зелено светло Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со Европската унија. За одлуката за отворање на преговорите со двете земји политичка согласност треба да дадат и лидерите на земјите од ЕУ, на самитот на Европскиот совет закажан за 26 март.

Премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи, на прес-коференцијата во Владата по тој повод реоа дека за неколку денови се очекува првичната помош од ЕУ од околу 70 милиони евра за справување со коронавирусот, за што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата.

Фото и текст превземено од СДК.мк