February 7, 2023, 11:29 pm

Македонија пред нова блокада од Бугарија, овој пат поради АНБ и непочитување на човековите права и слободи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Македонија и се заканува уште една блокада за добивање на датум за преговори со Евроспката Унија, повторно од соседна Р.Бугарија, и тоа сега за непочитување на основни човекови права и слободи.

Овој пат Бугарија е загрижена за непочитувањето на основните човекови права и слободи во случајот со бизнисменот Орце Камчев, но и поради инволиврањето на бугарските разузнавачки служби во фабрикувани разузнавачки извештаи врз основа на кои повеќе од осум месеци е притворен бизнисменот.

Според информациите на Инфомакс, претставници на бугарската амбасада повеќе од два месеци се обидувале да добијат влез во затворот „Шутка“ и да го посетат Камчев, но биле препраќани од МНР во Министерството за правда.

Извештајот на бугарската амбасада пак, ги третира и фабрикуваните докази за наводна подготовка на бегество од страна на Камчев заедно со бугарските разузнавачки служби, кои уште пред осум месеци беа демантирани од тогашниот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Македонија е земја во која власта на Зоран Заев сака да им ги земе парите со рекет на успешните бизнисмени, а успешните луѓе да ги прогонува, вели Красимир Каракачанов, вице-премиер и министер за одбрана на Бугарија во телефонска изјава за „Инфомакс“.

„Ако сакал Јордан Камчев да избега од Македонија тој воопшто немаше да се врати таму. Тој е Бугарски државјанин, беше тука кај нас минатата година, можеше и да не се врати. Имаше можност и со бугарската лична карта легално да ги премине границите со Грција, Бугарија и Албанија – тоа тој не го направи“ – вели Каракачанов.

Бегство на бизнисмен од класата на Орце Камчев, објаснува Каракачанов, е многу тешко да биде детектирано дури и за бугарските служби бидејќи тие луѓе имаат многу пари, и ако имаат вистинска намера да избегаат од државата најчесто можат да си ја купат слободата и со туѓа државна помош да заминат.

„Бегство со помош на трета држава се организира многу едноставно – ќе го земат со дипломатско возило и ќе го извадат од државата. И толку“ – објаснува Каракачанов во телефонска изјава за „Инфомакс“.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана го обвини директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски за „лажење“ и „тропање глупости“, нарекувајќи го „бандит“.

„Тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда“, тврди Каракачанов, објаснувајќи дека за тоа не постојат никакви докази.

„Со такви измислени работи власта во земји како вашата имаат една цел – да ги избркаат успешните луѓе од државата – како со Никола Груевски – а на бизнисмените да им ги земат парите со рекет. Јасно е тоа. Тоа се случува и кај вас“ – додава Каракачанов, посочувајќи ја владата на Зоран Заев.

Македонија, вели Каракачанов е држава заробена од банди како онаа на Виктор Димовски, луѓе со сомнителен „произход“ кои работат за странски служби.

Претставниците на бугарската амбасада изразиле интерес и за тортурата на која беше подложен г-динот Камчев, а која се потврди и во Извештајот на Обдусманот по неговата посета во затворската ќелија на Камчев на почетокот на неговиот притвор.

Со тоа, кај нив се отворило и прашањето за условите кои притворениците ги имаат во затворот Шутка како и дали ги уживаат правата кои им следуваат. Оттука се поставило и прашањето до кој степен се почитуваат или не се почитуваат и основните човекови права во земјата.

Следствено на тоа, дали можеби е на повидок нов услов од Р. Бугарија кон Македонија, бидејќи без разлика дали им се допаѓа тоа или не на македонските власти, Бугарија е земја членка на Европската Унија, а со самото тоа докажано остварува поголем напредок во заштитата и почитувањето на човековите права и слободи и има регулиран, непристрасен правосуден систем. А, Јордан Камчев, врз кого во земјава се изживуваат веќе 8 месеци и го местат со монтирани белешки од АНБ, има двојно државјанство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This