дома Македонија МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ НА УШТЕ ЕДНА НЕЗАВИДНА ТОП ЛИСТА: Тетово, Куманово, Битола...

МАКЕДОНИЈА СЕ НАЈДЕ НА УШТЕ ЕДНА НЕЗАВИДНА ТОП ЛИСТА: Тетово, Куманово, Битола и Скопје се најдоа на листата на најзагдени градови во светот за 2018 година

Тетово, Куманово, Битола и Скопје се најдоа на листата на најзагдени градови во светот за 2018 година, според анализата изработена од меѓународната невладина еколошка организација „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижуел“, група со седиште во Швајцарија која глобално го следи аерозагадувањето, пренесува порталот Денар.

На листата од 3.000 градови, од македонските градови Тетово е највисоко на 169 место, Куманово на 261, Битола на 280 и Скопје на 315 место.

Од регионот за најзагаден град е посочен Живинице во Босна и Херцеговина, кој се наоѓа на 102. позиција, а му прават друштво уште три босански градови: Грачаница на 137 место, Сараево 240 и Тузла 289 место.