December 6, 2022, 11:25 am

Македонија тема на маса пред шефовите на најмоќните седум држави од групата Г7

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се најде како тема на разговор на состанокот на министрите за надворешни работи на седумте најмоќни западни земји, или позната како група „Г7“.

Македонија, како по правило се наоѓа како тема на разговор само во контекст на пошироката тема за Западен Балкан, шефовите на дипломатиите на најмоќните седум западни земји на светот, разговараа за нон-пејперот кој неодамна беше објавен, а потоа демантиран од словенскиот премиер Јанез Јанша, а се однесуваше на промени на границите на Западен Балкан.

Според шефовите на Г7, промена на границите во овој момент е недозволива, при што повикаа на зацврстување на целовитоста на Босна и Херцеговина.

Границите и на Косово се загарантирани.

Македонија е спомената во контекст на нужна потреба за превземање на одлучна акција во борбата против криминалот и корупцијата, незаконското финансирање но и подобрување на граѓанското општество и градење на независни медиуми – ако судиме по извештајот на Стејт Департментот, ситуацијата во медиумите е полоша од било кога досега.

Ставањето на Западен Балкан на маса пред шефовите на дипломатиите на седумте најмоќни во западната хемисфера, означува само една работа – високиот приоритет на Западот и нивниот интерес земјите од Западен Балкан што поскоро да се интегрираат во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This