дома Спорт МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ:...

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ: Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕП

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште едно признание од Европската ракометна федерација и потврда дека се меѓу најдобрите арбитри.

Македонската судиска двојка е делегирана да ја дели правдата на финалниот натпревар на Европскиот шампионат во Стокхолм. Начевски и Николов беа во елитната група на арбитри на овој шампионат и судеа во вториот круг од натпреварувањето, а по одличните оценки за нивниот ангажман ЕХФ ги делегираше да бидат дел од големото финале в недела.

Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг ќе го судат натпреварот за бронзениот медал, а за соочувањето за петтата позиција меѓу Германија и Португалија се делегирани Швеѓаните, Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.

Полуфиналето меѓу Норвешка и Хрватска ќе го судат Оскар Лопез и Анхел Рамирез од Шпанија додека Чесите, Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни ќе ја делат правдата дуелот меѓу Шпанија и Словенија.