дома Актуелно МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ПРОПАЃА: Тенковите не работат, војниците немаат храна, не работат комунициските...

МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ПРОПАЃА: Тенковите не работат, војниците немаат храна, не работат комунициските уреди!

Армијата веќе подолг период е соочена со недостатоци и пропусти. Додека за потребите на кабинетот на МО се набавуваат лешници, бадеми и разни апетисани и се трошат стотици илјади денари, функционалноста на армијата е на најниско можно ниво од осамостојувањето до денес.

Од извори во АРМ дознаваме дека подолг период веќе не функционираат радиоврските. Имено батериите на уредите за врски „Haris rf5800“ и „Моторола“ се пробиени и практично нефункционални последниве неколку месеци. И покрај настојувањата и укажувањата до министерството дека треба да се набават нови батерии, министерстово одобрило доволно средства за да се задоволат само 10 проценти од реалните потреби, со што само одредени единици ќе имаат функционални радио врски, а потребите на поголемиот дел од единиците ќе останат неисполнети.

Веќе објавивме дека после ударната тупаница на армијата,тенковите кои се сведени на ниво на неупотребливост, негрижата на министерката сега го парализира и нервниот систем на армијата, односно ги става единиците во позиција да не можат да комуницираат помеѓу себе, бидејќи радио-врските се во неисправна положба. Ваквата ситуација укажува на крајно непланско и недомаќинско работење на министерството за одбрана, и води кон намалување на моралот кај војниците и офицерите и намалување на функционалноста на единиците.