дома Политика МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СТОИ ПОЗАДИ ОДЛУКИТЕ НА МИЦКОСКИ: Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ со...

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА СТОИ ПОЗАДИ ОДЛУКИТЕ НА МИЦКОСКИ: Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Христијан Мицкоски

Координативен состанок со највисоките партиски тела и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес се одржа во просториите на опозициската партија, на која како што информираше Иван Соколов, дијаспората изразила максимална поддршка за политиките на лидерот на партијата Христијан Мицкоски

 

 

 Денеска, 17.08.2018 година, во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претставниците на ЗК го информираа претседателот за ситуацијата на македонците во дијаспората, пренесувајќи му дека македонската дијаспора од Европа, Америка и Австралија стои зад ВМРО-ДПМНЕ и одлуките на претседателот Мицкоски.Истовремено истакнаа дека Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас и дека истиот нема да биде поддржан од нивна страна. Претседателот Мицкоски ги информираше за актуелната политичко-економска состојба во Република Македонија и за штетните политики кои ги води Зоран Заев. Заемно се заклучи дека политиките на Заев ја уништуваат Република Македонија и ја враќаат назад во минатото, истовремено создавајќи чувство на огорченост кон ЕУ и НАТО. Исто така беше изразен ставот на дијаспората дека Мицкоски достојно е на линијата на националните интереси на државата, Република Македонија. – напиша Соколов на ФБ.