дома Спорт Македонската репрезентација тргна кон Египет

Македонската репрезентација тргна кон Египет

Иако прва резерва, која влета поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во селекцијата на Чешка, македонската ракомeтна репрезентација отпатува за Египет со повисоки амбиции од само да учествуваат на 27. Светско првенство.

Подмладениот состав на селекторот Данило Брестовац, со седум дебитанти на големите натпреварувања меѓу 20. ракометари, стартува утревечер против Шведска.

В сабота е дуелот со домаќинот Египет, а во вторник со Чиле, кој „црвено-жолтите“ два пати го совладаа на контролните средби неодамна во Скопје.

Во групата од втората фаза ќе има место за трите најуспешни репрезентации во групата.