дома Македонија МАКЕДОНСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ВО ТЕТОВО ЗАБОРАВЕНИ ОД СДСМ: Мицкоски ја потсети власта на...

МАКЕДОНСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ВО ТЕТОВО ЗАБОРАВЕНИ ОД СДСМ: Мицкоски ја потсети власта на нејзините ветувања

Откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски,викендов најави дека се откажува од парите за референдумската кампања за истите да се вложат во решавање на просторниот проблем во тетовската Гимназија,и СДСМ се сетија дека учениците македонци со години мака мачат со нормално одвивање на наставата.Но, повторно без конкретни решенија, туку најави и ветувања дека проектот за доградба на Гимназијата ќе се реализирал,заборавајќи се чини, дека истото беше ветено и пред почетокот на минатата учебна година од тогашната Министерка Рената Десковска.

Учениците македонци не заслужуваат лаги и празни ветувања, туку нормално и достоинствено образование, реагираат и тетовци.

Тетовските гимназијалци од македонска настава и оваа учебна година ќе ја започнат во објектот на стара медицина, со скратени часови, двете смени заедно.Нивната голгота трае со години,период во кој учеа буквално по разни објекти и згради, без минимални услови за настава.