дома Спорт МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТКИ НЕПРИKOCНОВЕНИ: Националниот кapaте шампионат на Австралија под македонска контрола

МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТИСТКИ НЕПРИKOCНОВЕНИ: Националниот кapaте шампионат на Австралија под македонска контрола

Од вчера во градот Лаункестон во австралиската област Тасманија, се одржува Националниот Карате Шампионат, каде свое учество имаат и сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, како и Кириана Камческа од Прилеп, пренесува Маркукуле.

На шампионатот учествуваат речиси 700 каратисти од секоја сојузна држава во Австралија, а нашите девојки се претставија повеќе од успешно.

Мишела успеа да стигне до златниот медал во сениори, конкуренција каде Маријана се закити со бронза, а Кириана освои златен медал во индивидуално во конкуренција до 21 година, како и златен медал во сениори ката тим.

“Ова не е нивниот лимит, иако финалето поради лоша судиска одлука и беше одземено на Маријана, но нема да застанат тука. Нивните конкуренти се во светското карате”, напиша Ели Димоска, која заедно со нејзиниот сопруг Златко Димоски се тренери на девојките.