дома Спорт Македонските одбојкари чекор поблиску до Европското првенство

Македонските одбојкари чекор поблиску до Европското првенство

Во вториот дуел против селекцијата на Босна и Херцеговина, одбојкарската репрезентација на Македонија за 1 час и 14 минути забележа победа од 3:0 по сетови 25:20, 26:24 и 25:13 и се наоѓа на чекор до пласман на уште едно големо натпреварување.

До крајот на турнирот нашата селекција вo сабота од 18 часот ќе се соочи со репрезентацијата на Турција.