дома Македонија „МАКЕДОНСКИ ГЛУПАЦИ И НОВИНАРСКИ ПОВРАЌАНИЦИ“: Македонската информативна агенција влезе во „војна“ со...

„МАКЕДОНСКИ ГЛУПАЦИ И НОВИНАРСКИ ПОВРАЌАНИЦИ“: Македонската информативна агенција влезе во „војна“ со агенцијата Глас на Америка

Македонската Информативна Агенција (МИА) влезе во јавен судир со радиото Гласот на Америка (ВОА) откако вчера нејзиниот дописник од Вашингтон со навредливи зборови се нафрли на македонскиот сервис на ВОА и координаторот на тимот новинари Лилица Китановска, пренесе Експрес.мк

Петпарачко новинарство, повраќаница и македонски глупаци се навредите кои дописникот на македонската државна информативна агенција ги упатува кон луѓето и медиумот кој по втората светска војна како официјално гласило на САД на различни начини (радио, ТВ, интернет) се пренесува во десетици земји, меѓу нив и во Македонија.

“VOA – Глас на Америка Во нивниот безнадежен случај на петпарачко новинарство, предводено од повраќаницата Л. Китановска, VOA би имало смисла да значи Vomit of America – Macedonian schmucks in Washington DC” (Повраќаница од Америка – Македонски глупаци во Вашингтон), напишал на својот фејсбук профил Борис Камчев, актуелен дописник на МИА од Вашингтон.

Камчев не открива што е причината за ваквите навреди кон шефицата на македонскиот сервис на ВОА и кон медиумот кој се финансира од страна на американските власти.

Ваков директен напад на претставник на македонски државен медиум кон американска институција или медиум не е забележан досега.