дома Македонија МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТ ПЕРСОНА НОН-ГРАТА ВО РУСИЈА: Руското МНР врачи протестна нота на...

МАКЕДОНСКИ ДИПЛОМАТ ПЕРСОНА НОН-ГРАТА ВО РУСИЈА: Руското МНР врачи протестна нота на Македонскиот амбасадор во Русија

Денес, Министерството за надворешни работи на Руската Федерации ги повика на разговор претставниците на дипломатските мисии на Австралија, Албанија, Германија, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Канада, Литванија, Македонија, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Украина, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска и Естонија

 

Од страна на руското МНР им биле предадени протестни ноти, со порака дека ќе прогласи за персона нон-грата соодветен број на дипломати од земјите кои имаат дипломатски мисии во Русија, како одговор на нивниот неоправдан потег за протерување на Руски дипломати, врз база на недокажаниот случај за наводна вмешаност на Русија во случајот „Скрипаљ“.

Со оглед на тоа што Белгија, Унгарија, Грузија и Црна Гора во последен момент одлучија да протераат руски дипломати, Русија го резервира правото да одговори со соодветни мерки.