дома Македонија Македонски кaмиoнџиja тpeбa дa плaти 14.000 eвpa зoштo ce излизгaл нa aвтoпaт...

Македонски кaмиoнџиja тpeбa дa плaти 14.000 eвpa зoштo ce излизгaл нa aвтoпaт вo Словенија

Сметка од 14.000 евра треба да плати неготинската компанија Емса Шпед чиј што камион се излизгал на автопат во Словенија. Коловозот бил неисчистен по што камионот го блокирал сообраќајот цели 6 часа.

Компанијата „Жонта“, ангажирана од ДАРС, словенечката државна компанија задолжена за одржување на автопатите, испратила фактура на неготинската компанија „Емса Шпед“, чиј што е камионот во износ од 14 илјади евра за седум часа влечење на камионот со специјално возило, пет часа работа со кран, транспорт на оштетени делови, лежарина, паркинг и слично.

Неготинската компанија ангажирала компанија од Целје да ги застапува, која смета дека „Жонта“ неправедно прикажала толку големи трошоци и испратила писмо и до македонската амбасада во Љубљана.

Од „Жонта“ за „Сиол“ изјавиле дека во тек се разговори преку адвокатите на македонската транспортна компанија за намалување на сумата.