February 7, 2023, 10:15 pm

Македонски полицајци и политичари снимени на интимни средби во скопски мотел?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снимки од интимни средби на припадници на Македонската полиција се објавуваат на социјалните мрежи, а профилот од кој се објавуваат снимките тврди дека има снимки и од политичари од Македонија.

Извесен Арбен Гаши, кој на својот профил нема лични фотографии, веќе некое време објавува снимки од интимни средби во мотел на периферијата на Скопје – Качанички пат – а тврди дека поседува и снимки од македонски политичари.

Досега, на профилот на Фејсбук се објавени снимки од припадници на полицијата, а Гаши (како што е именуван профилот) во една од објавите испрати и поздрав до Мухамед Зекири.

Ваквата појава била актуелна минатата година во Косово, кога истиот човек, сопственик на мотелите на Качанички пат објавувал снимки од тамошни политичари, или изнудувал од 15.000 до 25.000 евра за да не ги објавува снимките.

Неофицијално, дознава Инфомакс, контактирани се и македонските политичари со слична „понуда“ од објавувачот на ваквите материјали. Сепак, информациите говорат и дека навјеројатно косовската полиција успеала да го заплени лаптопот од кој овие материјали биле објавувани.

Според косовските медиуми, камерите биле поставувани во телевизорите во собите, од каде и што снимале.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This