дома Македонија „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“ ПРОДАВААТ И КОМПИРИ: За испратено писмо, добивате фискала за купени...

„МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“ ПРОДАВААТ И КОМПИРИ: За испратено писмо, добивате фискала за купени компири

Фискалните сметки на „Македонска пошта“ наликуваат на сметки како во супермаркет или на пазар. Па така на пример за испратена пратка, добивате фискална на која пишува услуга за купување на зеленчук.

На една од фискалните сметки кои првично ги објави „Инфоњуз“, а за испратено писмо, пишува дека се купени компири.

Реакција за фискалните сметки на „Македонска пошта“ има и на социјалните мрежи, каде што беше постирана фотографијата од фискална сметка за ран зеленчук, а за услуга прием на пратка.