дома Социјални Мрежи Македонски судија „си купил остров“ за роденден

Македонски судија „си купил остров“ за роденден

Судијата Владимир Панчевски кој беше гонет од актуелните македонски власти на Фејсбук објави порака со благодарност за честитките за неговиот роденден.
За овој роденден купив остров, мал е и често се губи под морските бранови но, повторно се појавува, го удираат бури и од исток и од запад но и од север и од југ, нај тажно е кога врне внатре во него од оние околу нас и кога самиот од себе прокиснува и се потонува, но овој остров е силен, издржал со векови, се спротивставувал на секој предизвик и секогаш испливувал на површината!
Тој остров сте сите вие кои денес одвоивте по некоја минутка од вашето време да ми пишете и честитате, тој остров ни ги грее душите, тој остров постоел, постои и ќе постои, а се нарекува МАКЕДОНИЈА!
Да сте живи и здрави, Ви посакувам среќен Велигден Христовото воскресение да ни ги осветли душите!, пишува судијата Панчевски во својот ироничен пост на фејсбук.