дома Македонија Македонски шуми како центар за пoтkyп на СДCM

Македонски шуми како центар за пoтkyп на СДCM

Во очи на вториот круг од гласањето на овие избори во кои СДС ќе изгуби катастрофално, морам ЈАВНО да се обратам на колегите во “МАКЕДОНСКИ ШУМИ” и останатата шумарска фела!

Имено, деновиве до мене стигнаа и стигнуваат лавина од податоци и информации за невидено голем основан сомнеж за класични ЗЛОУПОТРЕБИ на службените должности од страна на голем број вработени во шумарството и огромни притисоци врз населението!

Постојат основани сомненија дека ;

📌 се издава дрвна маса по основ на таканачена селска сеча и истата се наплаќа десеткратно помалку, а со тоа се оштетува буџетот на РМ за илјадници евра;

📌 се издава ОТПАД после сеча во оддели кои замислете нема ливче останато, камо ли отпад, а врз основа на тие решенија се врши сеча во непредвидени други околни оддели;

📌 се врши закана врз одредени субјекти кои работат во шумарството дека доколку не дадат поддршка на кандидатите на СДС нема да им се прават договори за работа;

📌 се врши огромен притисок и најразновидни закани врз колеги кои се неистомисленици со актуелните раководства;

📌 во одредени делови се дистрибуира дрвна маса без соодветна документација и секако без да ја плати населението, а со цел поткуп за гласање на изборите во недела;

📌 невидена злоупотреба на службените возила и машини кои се сопственост на претпријатието;
… и уште многу информации кои стигаат од теренот, а се секако фрапантни и казниви согласно законите во РМ.

Затоа, уште еднаш ќе потенцирам, упатувам ЈАВЕН повик до вработените да престанат со злоупотребите затоа што за кратко време доаѓа одговорност и никој нема да виде поштеден!
Исто така, упатувам јавен повик до вработените колеги и секако населението како и досега да ги нотираат сите злоупотреби затоа што шумата не е ничија своина, таа е наше заедничко богатство, богатство на сите граѓани на Македонија и никој не смее со шумскиот фонд да се однесува како тоа да му е дедовина.

ЈАВНО информирам дека за оние случаи за кои имаме конкретни податоци за злоупотреби ВЕДНАШ ќе поднесеме кривични пријави до МВР и ОЈО, а Ве уверувам дека за неколку месеци од сега по промената на власта за истите ќе има и разрешници, а одговорните ќе одговараат, пишува Кире Михаилов на Фејсбук.