дома Економија МАКЕДОНЦИТЕ ОТВОРААТ СМЕТКИ ВО СОСДЕНИТЕ ЗЕМЈИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ДАНОЦИ: Стопанската комора ги...

МАКЕДОНЦИТЕ ОТВОРААТ СМЕТКИ ВО СОСДЕНИТЕ ЗЕМЈИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ДАНОЦИ: Стопанската комора ги чycтвyва пocлeдиците од даночни покачувања

Стопанската комора на Македонија порачува државата да провери дали и колку нерезидентни сметки отвориле Македонците во соседните држави по зголемувањето на даноците. Велат дека позитивните ефекти врз државниот буџет ќе се помали од целокупниот ефект што го предизвикува воведувањето на прогресивното даночење.

На пример, се поттикнува даночната евазија, а се намалува конкурентноста на Македонија кај инвеститорите поради зголемените даноци. Од друга страна, буџетските приходи по основ на данокот од доход за 7 месеци се зголемиле за 16%, но од бизнис секторот велат дека нејасно е колку од зголемувањето е последица на прогресивното даночење во услови кога истовремено се рефистрираше раст на платите, но и зголемување на бројот на вработени во земјава.

49% од фирмите рекле дека поради зголемените трошоци биле принудени да ги одложат планираните инвестиции, да го намалат бројот на вработени или во ИТ секторот, на пример, да ги зголемат цените на услугите.