дома Европа Макрон со остри kpитики кон Џонсон пред почетокот на самитот Г -7

Макрон со остри kpитики кон Џонсон пред почетокот на самитот Г -7

Францускиот претседател Емануел Макрон остро го критикуваше неуспехот на Велика Британија да го спроведе договорот за Брегзит во Северна Ирска, споменувајќи ги несериозните обиди на премиерот Борис Џnонсон да го отвори повторно правниот протокол со кој се регулира трговијата преку Ирското Море.

Критиките стигнаа пред состанокот на Макрон и Џонсон во Корнвол и откако САД издадоа вонредна дипломатска нота поради загрозување на мировниот процес во Северна Ирска, објави лондонски Индепендент.