дома Хроника МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ВО ЃОРЧЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Дете нападнато во Ѓорче, му...

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ВО ЃОРЧЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Дете нападнато во Ѓорче, му го одземале велосипедот и мобилниот телефон

Малолетно дете во текот на вчерашниот ден било нападнатно од група додека се возел на велосипед. На момчето му биле одземени мобилниот телефон и велосипедот.

Вчера во 16.03 часот во СВР Скопје, С.П. пријавила дека во близина на стадионот „Ѓорче Петров“ неколку лица го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле мобилен телефон и велосипед.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.