дома Македонија МАЛОЛЕТНИК ПOЧИHA ОД ГРИП НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА: 14 годишно дете пoчинa поради...

МАЛОЛЕТНИК ПOЧИHA ОД ГРИП НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА: 14 годишно дете пoчинa поради компликации од грип

Поради компликации од грип пoчинa 14-годишно дете  на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Како што информираат од Министерството за здравство, детето претходно боледувало и од церебрална парализа.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.